
Спартак Суботица и Раднички Ниш во првото коло на српскиот фудбалски шампионат ремизираа 1-1, а мечот го одбележа контроверзна одлука на судијата после гледање на ВАР – снимката. Судијата Минаковиќ донесе одлука дури откако 22 пати ја погледна ВАР технологијата.
Се играше 60. минута кога еден од одбранбените играчи на Спартак ја удри топката, но го згазна и фудбалерот на Раднички. Судијата Минаковиќ најпрво остави играта да продолжи, а потоа доби сигнал од ВАР собата и реши самиот да ја гледа снимката.
Тој дури 22 пати ја гледаше спорната ситуација, а потоа ја смени одлуката и покажа на белата точка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
