
Лестер е следниот клуб што се поврзува со Руд ван Нистелрој. Според медиумите на Островот, Холанѓанецот, кој го напушти Манчестер Јунајтед каде што прво беше асистент на Ерик тен Хаг, а потоа го водеше тимот на четири натпревари како привремен менаџер, е еден од двајцата фаворити за наследник на Стив Купер. Другиот кандидат е поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Грем Потер.
Откако го напушти „Олд Трафорд“, 48-годишниот Ван Нистелрој се поврзуваше со Барнли и со Ковентри, а во Германија се појавија информации дека може да преземе еден од неговите поранешни клубови, каде што играл, Хамбургер.
Лестер го отпушти Стив Купер по поразот од Челси. Тој остана во клубот само неколку месеци, преземајќи ги „лисиците“ летово по заминувањето на Енцо Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА
