
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се обиде да ја намали тензијата откако изјави дека Манчестер Јунајтед е среќен што освоил бод во дербито на Енфилд. Ваквото негово мислење предизвика остра реакција на легендата на „црвените ѓаволи“ Рој Кин, кој истакна дека Холанѓанецот е арогантен и за возврат ги нападна „црвените“ дека имаат една титула во 33 години.
Ван Дајк на крајот го заврши дијалогот велејќи дека му се допаѓа Кин, но немало ароганција во неговите зборови и секој што го гледал натпреварот можел да види дека едниот тим игра за победа, а другиот игра за да не загуби.
„Ми се допаѓа Рој Кин и ако го рече тоа, во ред е. Тој отсекогаш бил од Манчестер Јунајтед и разбирам дека може да реагира така, но нема ароганција во тоа што го кажав. Секој кој го гледал натпреварот веројатно се чувствувал исто како и јас. Што мислите вие новинарите? Имавме шанси, не можевме да постигнеме гол и тоа е разочарувачкиот дел за нас. Но, продолжуваме понатаму. Дали бев изненаден од пристапот на Јунајтед? Бев. Тие очигледно не се во најдобрата ситуација и ако дојдете овде откако претходно сте загубиле со 0-7, веројатно ќе бидете повеќе од среќни што ќе си заминете со еден бод. Секој можеше да го предвиди ова. Можеше да се види каков е нивниот план и што се обидуваат да направат. Мислам дека направивме сѐ за да го добиеме натпреварот. Можеби на моменти брзавме и можевме да донесеме подобри одлуки, но беше тешко да се пробие нискиот блок. Притискавме, туркавме, туркавме, пробавме сè, но тој ден не можевме да го најдеме вистинското решение за да постигнеме гол. Продолжуваме понатаму и се концентрираме на следниот натпревар“, изјави Ван Дајк.
Ливерпул утре го пречекува Вест Хем во натпревар од Лига купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal