Kапитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ќе остане на „Енфилд Роуд“ и наредната сезона. Нема индикации за заминување на Холанѓанецот иако во последните недели се појавија гласини дека тој размислувал да си оди, особено по разделбата со менаџерот Јирген Клоп.
„Се појавија многу гласини околу Вирџил ван Дајк, но засега ситуацијата околу него е тивка. Ливерпул не добил никакви понуди за него, а Вирџил моментно е на одмор. Така што, засега сè е мирно и во Ливерпул го очекуваат да се врати од одмор и да ги продолжи тренинзите“, откриваат медиумите на Островот.
Сигурно е дека новиот менаџер Арне Слот многу ќе се потпира на 33-годишниот фудбалер за да му помогне, особено во првите денови на „Енфилд”, кога ќе има најголема потреба од поддршка во соблекувалната од својот сонародник.
Дополнително, Ван Дајк е лидер на Ливерпул и евентуалното негово заминување ќе се одрази како на теренот, така и надвор од него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













