Connect with us

Ван Дајк е новиот капитен на Ливерпул

Вирџил ван Дајк е новиот капитен на Ливерпул по заминувањето на Џордан Хендерсон и на Џејмс Милнер, официјално е соопштено од „Енфилд“. Оваа вест беше очекувана, но има изненадување за заменикот на Холанѓанецот, тоа е 24-годишниот младинец на клубот, Трент Александер-Арнолд. Очекувањата беа повеќе за заменик капитени да бидат назначени Мохамед Салах и Ендрју Робертсон.


Одлуката за тоа кој ќе ја носи лентата ја донел менаџерот Јирген Клоп, како што и самиот призна пред неколку дена.

Ван Дајк е пет ипол години во Ливерпул и досега за клубот има забележано точно 222 настапи. Тој е и капитен на репрезентацијата на својата земја.

„Црвените“ исто така открија дека Клоп го информирал Александер-Арнолд за неговиот избор за време на загревањето на еден од последните натпревари на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови