Connect with us

Ван Бастен тврди дека Клуб Бриж е „ограбен“ против Барселона: Четвртиот гол беше апсолутно регуларен (ВИДЕО)

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен (61) предизвика лавина коментари на социјалните мрежи поради неговата остра реакција на судиската одлука за време на натпреварот од четвртото коло на Лигата на шампионите меѓу Клуб Бриж и Барселона (3-3).

Трикратниот освојувач на „Златната топка“ (1988, 1989, 1992) се осврна на спорната ситуација во самата завршница на мечот.

Голманот на Барселона, Војчех Шчесни, си поигруваше со топката, што го искористи напаѓачот на Бриж, Ромео Верман, му ја одзеде и ја испрати во мрежата.

Сепак, судијата Ентони Тејлор го поништи голот со образложение дека Верман претходно направил прекршок врз голманот. По консултација со ВАР, одлуката беше потврдена, но Ван Бастен остро не се согласи со тоа.

„Клуб Бриж е ограбен! Нивниот четврти гол мораше да биде признат. Немаше никаков прекршок врз Шчесни, дури ни не го допре. Тој едноставно изимитира прекршок што воопшто не постоеше“, изјави легендарниот Холанѓанец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови