Легендарниот Холанѓанец Марко ван Бастен не може да го поднесе однесувањето на Бразилецот Нејмар на теренот. Тоа најмногу се однесува на реакциите на Нејмар по претрпен фаул.
„Нејмар е плачко. Постојано провоцира, удира некого, а потоа следната секунда глуми дека жртва. Изгледа дека противниците треба да имаат дозвола за да го допрат. Би му аплаудирал на оној што конечно ќе му стави крај. Невозможна личност на теренот“, изјавил Ван Бастен за „Cabine Desportiva“.
Нејмар (30) сезонава на 14 настапи постигна 11 гола, а има и девет асистенции. Тој останува најскапиот фудбалер на сите времиња откако ПСЖ за него и плати на Барселона 222 милиони евра во август 2017 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













