Connect with us

Валјадолид ја победи Барселона и се одлепи од опасната зона (ВИДЕО)

Валјадолид немаше респект за новиот шампион Барселона, со оглед дека му гори под нозете и се бори за опстанок во Ла Лига. Домаќинот славеше против каталонскиот тим со 3-1 и се одлепи од опасната зона на табелата во Ла Лига. Сега Валјадолид има три бода повеќе од Хетафе.

Андреас Кристенсен си постигна спектакуларен гол со глава во обид да расчисти и ја отвори серијата на Валјадолид во втората минута. Ларин во 22.минута зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Гонзало Плата во 73.минута.

Почесниот погодок за Барселона го постигна Роберт Левандовски во 84.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови