
Грузија е пречката на Македонија до првото место во групата во Лига Ц, но и во финалето на плејофот за пласман на Европското првенство 2021. Словачкиот стратег Владимир Вајс е предводникот на грузискиот национален тим и во суперлативи зборува за нашиот национален тим. Вели дека Горан Пандев е класа фудбалер, но и дека во времето на коронавирусот се е непредвидливо од денес до утре.
„Подготвени сме за надигрување со Македонија. Добро ги знаеме квалитетите на вашата селекција, игравме во Тбилиси, а ги анализиравме и сите досегашни мечеви. Не очекува финале за ЕП, но и овој утрешниот натпревар е многу важен. Може да решава за првото место во групата Ц. За оној после еден месец и нема да зборуваме, затоа што во времето на коронавирусот се е непредвидливо. Денеска беше објавено дека Кристијано Роналдо има коронавирус. И тоа се може да промени. И сега во двете селекции има важни играчи кои се отсутни. Но, така е и мора да играме. Подготвени сме и знаеме како игра Македонија. Вашиот тим е креативен, а Горан Пандев е класа. Тој велзе од клупата на минатиот меч и ја направи разликата“, изјави Владимир Вајс.
Фудбалерот Георги Квилиатиа очекува неизвесен натпревар на арената „Тодор Проески“.
„Беше тешко против Македонија во Тбилиси, несомнено ќе биде така и утре. Ќе се обидеме да оствариме успех и сега, но и во финалето за пласман на Европското првенство. Нашите фанови со нетрпение го очекуваат тој меч, а ние чувствуваме некој позитивен притисок“, изјави Квилиатиа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
