Connect with us

Уште малку до историја: Шкендија има 1-1 по првиот дел против ФЦСБ во Букурешт (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија ја чува предноста од првиот меч во Скопје (1-0) по првиот дел од реваншот против ФЦСБ во Букурешт. На Националната арена во романската престолнина, Шкендија има 1-1 на реваншот со поранешниот европски првак.

Тимот на Јетон Беќири игра мирно, а успеа да постигне погодок преку Лиридон Љатифи во 33.минута, израмнувајќи на 1-1. Тој одлично се најде по една мешаница во шеснаесетникот и од непосредна близина ја погоди мрежата на ФЦСБ.

Претходно, Романците дојдоа во водство од 1-0 со голот на Јури Кисоти во 28.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови