Connect with us

Уредникот на „Франс Фудбал“ објасни зошто Винисиус не ја освои „Златната топка“

Реал Мадрид е гневен од фактот што Винисиус Жуниор не ја освои „Златната топка“, најпрестижната индивидуална фудбалска награда, која му припадна на Родри. Клубот дознал за ова вчера, на денот на доделувањето на наградата од „Франс Фудбал“, и пет часа пред церемонијата одлучиле дека никој од актуелниот првак на Шпанија и Европа, како и најголемиот клуб во светот, нема да присуствува на свечената вечер во Париз.

Ништо не ја ублажи лутина на Реал, и покрај тоа што Карло Анчелоти беше прогласен за тренер на годината, а играчите на Реал ги освоија второто (Винисиус), третото (Белингам) и четвртото (Карвахал) место во изборот за „Златната топка“ за најдобар играч минатата сезона. Лутината ја споделија и некои поранешни играчи на Реал и бразилски фудбалери.


Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Винсен Гарсија, ова го искоментира на следниот начин.

„Очигледно е дека тоа се случи бидејќи меѓу најдобрите пет беа и Белингам и Карвахал. Винисиус на некој начин математички загуби поени поради своите соиграчи, кои му одземаа дел од гласовите. Ова е резултат и на минатата сезона на Реал, каде што гласовите беа распределени меѓу три или четири играчи од тој клуб, што на крајот го оштети Винисиус, а од тоа профитираше Родри.“

Гарсија откри дека Реал пред доделувањето на наградата го ставил под голем притисок.

„Бев под силен притисок од Реал, кои инсистираа да им кажам дали Вини е победник. Веројатно моето молчење ги натера да помислат дека нема да ја добие наградата, па затоа решија да ја бојкотираат церемонијата. Но, таков бев и кон другите големи клубови, бидејќи реков дека победникот нема да биде познат до церемонијата и дека никој нема да биде информиран однапред. Ме изненади што никој од Реал не дојде. Тие сакаа да се промени правилото само поради нив. Гарантирам дека никој од Сити не знаеше дека Родри е победник. Можеби и Ел Класико придонесе за ова однесување на Реал, не знам. Но, не сакам цела ноќ да зборувам за Реал и Вини, туку за нашиот победник, Родри“, истакна уредникот на „Франс Фудбал“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови