Connect with us

Унион Берлин го враќа Кевин Фоланд во Бундес-лигата

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин ќе го засили нападот со Кевин Фоланд. За услугите на 31-годишниот напаѓач на Монако, германскиот клуб ќе плати четири милиони евра, а доколку се активираат сите бонус клаузули сумата може да достигне 5,5 милиони евра.

Фоланд изрази желба да се врати во Бундеслигата. Напаѓачот за време на кариерата го носеше дресот на Баер Леверкузен, Хофенхајм и Минхен 1860.

Пред Унион Берлин е историската прва сезона на учество во групната фаза од Лигата на шампионите. Тимот од германската престолнина во текот на летото веќе ги доведе Робин Госенс, Лука Тусар, Микел Кауфман и Диого Леит, додека на позајмица дојдоа Александар Шволу, Бренден Аронсон, Давид Датро Фофана и Алекс Крал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови