Унгарија успеа да слави на гости во Белград против Србија со 1-2 и стигна до десет бода во групата. Атила Салаи си постигна автогол во десеттата минута, но Варга израмни во 34.минута, а Вили Орбан само две минути подоцна се погрижи за пресврт.
Франција славеше против Ирска со 2-0. Чуамени во 19.минута постигна убав гол за водство, а „триколорите“ го потврдија триумфот во 48.минута кога Маркус Турам погоди вторпат.
Холандија со 3-0 ја победи Грција. Де Рон, Гакпо и Вегорст стрелаа уште во првото полувреме и го решија мечот.
Данска со 4-0 беше подобра од Сан Марино, а Роберт Левандовски постигна два гола за Полска во триумфот над Фарски Острови. Чешка и Албанија ремизираа 1-1, а Словенија ја победи Северна Ирска со 4-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













