Шпанскиот репрезентативец Унаи Симон само неколку дена откако со „црвената фурија“ ја освои титулата на ЕВРО 2024, го оперираше зглобот на десната рака. Тој се подложи на хируршки зафат во Мадрид.
„Голманот на Атлетик Билбао го оперираше зглобот на десната рака. Унаи Симон беше подложен на интервенција во мадридската болница „Де ла Луз“ за која беше заслужен д-р Пињал, а со поддршка на клупскиот медицински тим. Процесот помина без значајни проблеми и пациентот ќе биде пуштен на домашно лекување следниот ден“, соопшти клубот од Баскија.
Унаи Симон бранеше на сите натпревари на ЕВРО 2024 во Германија, а Шпанија со седум победи во исто толку натпревари заслужено го освои пехарот.
Атлетик Билбао ќе го пречека Хетафе на стартот на новиот шампионат во Ла Лига на 15 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













