Ули Хенес, долгогодишниот поранешен претседател на Баерн, кој постојано е во и околу клубот, се надева дека оваа сезона на „Алијанц Арена“ сè ќе биде многу подобро отколку минатата, а исто така изрази голема желба клубот да потпише фантастичен играч од средниот ред.
„Сите знаат дека би сакал да го видам Флоријан Вирц во Баерн. Тоа би било фантастично засилување”, рече Хенес.
Баерн се смета за еден од клубовите кои се обидуваат да го обезбедат доаѓањето на Вирц. Германскиот репрезентативец има само 21 година и веќе покажа класа. Минатата сезона беше клучен играч во тимот на Баер Леверкузен кој освои двојна круна.
Вирц се поврзува и со Реал Мадрид, кој токму во него го гледа наследникот на Тони Крос. Играчот вреден 130 милиони евра планира уште една сезона да остане во Баер Леверкузен и да игра во Лигата на шампионите, а потоа следното лето веројатно ќе биде подготвен за голем трансфер.
Како и на повеќето други играчи, така и на Вирц голема желба му е да го носи дресот на славниот Реал и навистина би бил полн погодок за Флорентино Перез ако успее да го потпише. Ова лето веќе пристигнаа Килијан Мбапе и Ендрик, остана Лука Модриќ, а некои млади играчи како Родриго, Арда Гулер, Камавинга и Чуамени играат сè подобро.
Реал би можел да биде доминантен наредните години во Европа, а рекордерите според бројот на трофеите во Лигата на шампионите ќе имаат големи шанси да ја одбранат титулата во Ла Лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski