
Фудбалската репрезентација на Украина се пласира во четвртфиналето на Европското првендство откако ја совлада Шведска со 2-1 по продолженија. Артем Довбик е херојот на Украина откако успеа да постигне победнички погодок во 120.минута спасувајќи го тимот од драматичните пенали.
Швеѓаните играа со фудбалер помалку откако Маркус Даниелсон доби црвен картон во 98.минута поради груб старт. Украина тоа го искористи во последните мигови.
Во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Олександр Зинченко го отвори резултатот во 27.минута, а израмни Емил Форсберг во 43.минута од средбата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal