Репрезентацијата на Украина обезбеди пласман во финалето на плеј-офот за пласман на ЕВРО 2024 откако со пресврт во финишот ја победи БиХ со 1-2 на натпреварот одигран на „Билино поље“. Матвиенко во 57.минута си постигна автогол, но Украинците успеаја да се воздигнат и славеа со головите на Роман Јаремчук во 85.минута и на Артем Довбик во 88.минута.
Полска беше убедлива против Естонија и славеше со 5-1. Франковски погоди во 22.минута, а пет минути подоцна Естонците останаа со играч помалку. Потоа стрелаа и Зиелински, Пјотровски и Шимански, а Метс си даде автогол. За Естонија стрелец беше Мартин Веткал.
Грција го победи Казахстан со 5-0. Бакасетас, Пелкас, Јоанидис и Курбелис погодија во првото полувреме, а потоа следеше и автогол на Марочкин во финишот од мечот.
Велс славеше против Финска со 4-1, Исланд го победи Израел со 1-4, а Грузија беше подобра од Луксембург со 2-0.
На 26. март, во финалето од плеј-офот за пласман на ЕВРО 2024 се среќаваат: Велс – Полска, Украина – Исланд и Грузија – Грција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal