Connect with us

Украинците гневни на судијата, грмат за пеналот во судиското продолжение (ВИДЕО)

Вечерва во Леверкузен се одигра еден од повозбудливите натпревари во квалификациите за ЕВРО 2024, каде Украина и Италија ремизираа, 0-0.


Тоа реми ги однесе „аѕурите“ на Европското првенство, додека на Украинците им беше потребна победа.


И можеби ќе можеа да стигнат до неа, ако им беше досуден пенал во судиското продолжение.
Имаше сериозно спорна ситуација во последните моменти од натпреварот, Мудрик падна во шеснаесетникот по стартот на Кристанте, а судијата Хил Манцано процени дека немало контакт за најстрога казна.


Украинците скокаа, и на теренот и од клупата, но контроверзниот Шпанец остана на својата одлука, а не реагираше ниту ВАР-собата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови