
Фудбалската федерација на Украина одлучи да им се придружи на Шпанија и на Португалија во заеднички обид да го организираат Светското првенство во 2030 година, пренесува британски „Тајмс“.
Украинските власти го поддржаа предлогот на федерацијата, а одобрение стигна и од врвот на Шпанија и Португалија.
Според замислениот план една група на Мундијалот би се играла во Украина, во знак на поддршка за оваа земја која моментално минува низ тежок период.
Шпанија и Португалија веќе ја објавија заедничката кандидатура за организација на Мундијалот, а утре во седиштето на УЕФА треба да објават дека им се приклучува и Украина.
Катар ќе биде домаќин на следното Светско првенство за помалку од 50 дена, додека Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal