
Европската фудбалска оранизација (УЕФА) објави дека нема да ги казни трите клуба кои останаа со идејата за основање на европската Супер лига. Иако најави големи санкции, вклучително и суспендирање на клубовите со идеја за Суперлига од нивните натпреварувања, УЕФА се премисли и ги отфрли сите обвинувања против трите преостанати клубови кои се уште веруваат во овој проект. Ова се однесува на Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
Овие три тима се уште се поддржувачи на Суперлигата со желба да излезат од финансиските проблеми, пред се Реал и Барселона, чии долгови се мерат во милијарди евра.
„По прекинот на постапката против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус во врска со прекршување на правната рамка на УЕФА со Супер лигата, Апелациското тело на УЕФА денеска го прогласи случајот за ништовен и неважечки, како постапката никогаш да не била отворена“, се вели во соопштението на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski