Connect with us

УЕФА размислува повторно да го премести финалето на ЛШ од Истанбул?

УЕФА би можела да го пресели финалето во Лигата на шампионите од Турција. Дуелот за трофејот во најважното клупско натпреварување во Европа треба да се одржи во Истанбул на стадионот „Ататурк“ на 10 јуни. Сепак, во фудбалската централа штаб се загрижени за евентуални протести во земјата по изборите за нов претседател, а поради тоа може да биде потребно поместување на финалето.


Во принцип, УЕФА не сака повторно да му го одземе домаќинството на Истанбул, откако тоа беше направено двапати во 2020 и 2021 година поради пандемијата Ковид-19. Од друга страна, пак, во УЕФА на прво место ја ставаат безбедноста на навивачите, а доколку не може да се гарантира, ќе треба финалето повторно да се пресели на друго место.


Медиумите од Островот тврдат дека УЕФА направила неформална истрага и ја контактирала Фудбалската федерација на Португалија за да го организира финалето на ЛШ доколку биде потребно. Иберијците веќе беа во слична улога во 2020 и 2021 година кога беа домаќини на финалето за време на Ковид-19 во Лисабон и Порто, соодветно.


Во моментов ситуацијата во Турција е доста тензична. Кандидатот на опозицијата Кемал Кулчдароглу води пред актуелниот претседател Реџеп Ердоган со 5% во последните анкети пред гласањето в недела. Ова речиси сигурно значи дека двајцата ќе се соочат во вториот круг, кој ќе се одржи на 28 мај. Не е исклучено по него да бидеме сведоци на масовни протести, особено ако Ердоган падне од власт.


Финалето во Лигата на шампионите е закажано за две недели подоцна, а тоа сериозно ги загрижува шефовите на УЕФА. Тие будно ќе ја следат ситуацијата, иако засега од фудбалската централа се децидни дека во оваа фаза не планираат поместување на финалето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови