![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/11/penal-za-psg.jpg)
На судијата на видео-системот (ВАР) му е одземено правото да суди во Лигата на шампионите, откако синоќа одигра клучна улога во досудениот пенал во корист на Пари Сен Жермен, поради кој францускиот првак дојде до реми 1-1 во осмата минута од судиското продолжение.
Полјакот Томаш Квјатковски првично беше назначен за ВАР судија на вечерашниот натпревар меѓу Реал Сосиедад и Салцбург, но денеска беше заменет со Германецот Марко Фриц.
Квјатковски го предупреди својот сонародник и главен судија на мечот во Париз, Шимон Марчинијак за ситуацијата во шеснаесетникот на Њукасл, во која по центаршутот на Осман Дембеле, топката се оттргна од градите на Тино Ливраменто, а потоа ја допре и раката на дефанзивецот на гостите.
Марчинијак, кој го водеше финалето на Светското првенство во Катар 2022 меѓу Аргентина и Франција, како и на последниот меч за трофејот во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер, првично пушти играта да продолжи, но потоа беше советуван од неговиот ВАР асистент да ја разгледа ситуацијата и сепак, покажа на пенал од кој израмни Килијан Мбапе.
Во препораките на УЕФА од април оваа година, сепак, јасно е наведено дека „нема прекршување на правилата доколку играчот ја допре топката со рака откако таа претходно се оттргнала од дел од неговото тело, особено кога таа не оди директно кон голот“.
Според ова толкување не требаше да се досуди пенал. УЕФА одби да коментира, наведувајќи ја својата политика да не ги коментира судиските одлуки за време и после натпреварите.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/napoli-so-udineze-3.avif)
Евро-фудбал
Само реми за Наполи против Удинезе (ВИДЕО)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/01/kanavaro-dinamo-zagreb-80x80.jpg)