Преку видеоконференција Извршниот одбор на УЕФА денеска одржа состанок на кој е донесена одлука околу европските натпреварувања. Одлучено е, доколку сезоната не се заврши во националните првенства, местата за настап во европските купови следната сезона ќе се определуваат според остварените резултати до моментот на прекин на лигите.
Тоа значи дека клубовите согласно актуелниот пласман на табелата ќе одат во европските натпреварувања следната сезона, a не според коефециентот на УЕФА како што претходниве денови се најавуваше. Доколку сезоната не заврши во Првата македонска фудбалска лига, Македонија во Лигата на шампионите ќе ја претставува Вардар додека во Лига Европа ќе играат Силекс и Шкендија.
Секако, УЕФА очекува сезоната да се заврши во поголемиот дел од европските сезони. Тоа е и препораката до националните федерации, лигите да завршат до 3. август.
И претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини вчера најави дека основна интенција на ФФМ е сезоната да биде завршена, како и што препорачува УЕФА.
Доколку не е можно сезоната да се заврши до 3. август, УЕФА е подготвена да се прилагоди и на резервни опции како што се плеј-оф и плеј-аут разигрувања за титулата односно опстанок во лигите.
УЕФА, меѓу другото, донесе одлука да подели и дополнителни 70 милиони евра за фудбалските клубови кои имаат фудбалери кои настапиле за репрезентациите во квалификациите за ЕП.
Освен тоа, дополнителни 200 милиони евра. ќе бидат доделени и по Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













