Англискиот судија Ентони Тејлор, кој предизвика бројни полемики заради одлуката да не досуди пенал за Германија во четвртфиналето против Шпанија (1-2), е испратен дома од УЕФА. Тој веќе се вратил на Островот и нема шанси да го суди финалето на шампионатот, објавија британските медиуми.
Европската фудбалска централа вчера објасни дека одлуката на Тејлор да не ја санкционира играта со рака на Марк Кукуреља по ударот на Џамал Мусијала била правилна. Во исто време, во Германија започна петиција со барање за преигрување на натпреварот со Шпанија, потпишана од над 350.000 луѓе.
Главен фаворит за судија на финалето на 14 јули е Италијанецот Даниеле Орсато, кој го судеше четвртфиналето меѓу Англија и Италија.
Втор на листата на кандидати е Полјакот Шимон Марчинијак, кој беше судија на финалето на Светското првенство 2022, кога Аргентина ја победи Франција после пенали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













