Connect with us

УЕФА ги покани Ериксен и лекарите што го спасија на финалето на ЕВРО

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги повика Кристијан Ериксен и лекарите кои му го спасија животот кога доживеа срцев удар за време на мечот меѓу Данска и Финска во првото коло на Европското првенство.
Ериксен колабираше кон крајот на првото полувреме од мечот, по што лекарите успеаја да го оживеат. За среќа, успеаја да го спасат. Подоцна, данскиот репрезентативец беше опериран при што му беше вграден дефибрилатор.


УЕФА соопшти дека упатила покана до Ериксен, неговата партнерка и шестмина лекари за последниот натпревар од ЕВРО, кој ќе се игра на „Вембли“ на 11 јули, но засега нема потврда дали Ериксен ќе биде присутен.


„Возбуден сум како дете на Божиќ. Горд сум на мојот придонес, како и на придонесот на целиот тим“, изјави еден од лекарите, Педер Ерсгард.


Данска се бори за финале, утревечер од 21 часот ќе игра во полуфиналето против Англија. Во првата полуфинална двојка, вечерва ќе се сретнат Италија и Шпанија во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови