Connect with us

УЕФА ги објави номинациите за фудбалер и за тренер на годината

Двајца соигрaчи од европскиот првак Реал Мадрид се дел од тројцата номинирани за наградата УЕФА за најдобар фудбалер за 2021/22 година. Победникот во Лигата на шампионите го претставуваат Карим Бензема, кој постигна 15 гола во натпреварувањето, како и голманот Тибо Куртоа. Белгиецот покажа светска класа во финалето и ја сочува мрежата за да му помогне на својот тим да победи со 1-0.


Интересно, во топ 3 нема играч од вториот финалист Ливерпул.

Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, соиграч на Куртоа во репрезентацијата на Белгија, е третиот номиниран откако беше верификувано гласањето на тренерите и новинарите.

Во битката за тренерската награда, Карло Анчелоти кој го предводеше Реал Мадрид до европскиот клупски трфеј е најсериозен претендент. Останатите се Јирген Клоп од Ливерпул и менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

За првпат меѓу номинираните не се Меси или Роналдо, посочени како двете најсветли ѕвезди на европскиот фудбал на почетокот на 21 век.

35-годишниот аргентински гениј Меси има 10 титули со Барселона пред да се пресели во Пари Сен Жермен, а наградата ја доби во 2011 и во 2015 година.

Кристијано Роналдо, кој очигледно ќе мора да остане во Манчестер Јунајтед против своја волја, три пати беше број 1 во анкетата на УЕФА – во 2014, 2016 и 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови