Connect with us

УЕФА демантира друг план за ЕВРО: Амстердам и Букурешт ја чекаат Македонија

Европската куќа на фудбалот демантира дека ќе има друг план за организација на Европското првенство кое поради коронавирусот е одложено за следното лето. Се појавија шпекулации дека Русија би била можната земја-организатор на целото натпреварување, но УЕФА останува на првичниот план дека ќе има повеќе земји-домаќини на најголемиот самит на најдобрите фудбалски селекции на Стариот континент. 

На самитот би можела да биде Македонија доколку успее да ја елиминира Грузија на финалната пресметка во Лигата на нации што ќе се одигра во Тбилиси на 12 ноември. Во таков случај, Амстердам и Букурешт ќе бидат градовите каде ќе настапува Македонија на Европското првенство. 

УЕФА потврди дека е во секојдневна комуникација со градовите и земјите кои се организатори, а Европското првенство ќе се одвива во Амстердам, Билбао, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург. 

           

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови