
Трент Александер-Арнолд и Доминик Шобошлаи би можеле да се вратат на теренот уште во пресметката на Ливерпул против Норич оваа недела, откри менаџерот Јирген Клоп. Двајцата од утре треба да продолжат со комплетен тренинг, по што Германецот ќе одлучи дали ќе ги вклучи во групата за пресметката од четвртото коло во ФА Купот.
Енди Роберсон веќе се опорави и дури беше во поширокиот состав за вчерашниот реванш против Фулам во Лига купот. Шкотланѓанецот речиси сигурно ќе има одредена минутажа во неделната пресметка на „Енфилд“.
„Сè уште не размислувам за финалето на Карабао Купот бидејќи е далеку. Робертсон сега е физички подготвен. Беше одлично да го видам во тимот за натпреварот со Фулам. Тој тренира по сосема нормален распоред. Од утре тоа ќе важи и за Доминик Шобошлаи. Вчера тренираше, а денеска одмора. Од утре почнува нормално да тренира. Тогаш тој ќе биде подготвен да добие минути. За Трент ќе видиме дали ќе се врати на натпреварот со Норвич или на следниот. Тој сѐ уште не тренира со тимот, но ако може да почне да го прави тоа од утре, ќе треба да донесам одлука дали ќе го вклучам. Ќе биде од голема помош доколку сите се на располагање за овој натпревар“, изјави Јирген Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
