Connect with us

Убава вест за Манчестер Јунајтед: Лисандро Мартинез се враќа по репрезентативната пауза

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, ќе се врати во игра за првиот натпревар на „црвените ѓаволи“ по репрезентативната пауза, тврди „Скај Спортс“. Надежта на Ерик тен Хаг е дека ќе може да добие одредени минути против Брентфорд на 30 март.


Аргентинецот се здоби со повреда на коленото на почетокот на февруари и оттогаш не игра. Тоа беше голем удар за него, бидејќи Мартинез штотуку се врати од долгото лекување поради уште една повреда.

26-годишниот фудбалер моментно е во камп со репрезентацијата на Аргентина. Не се очекува да игра за светскиот шампион, но ќе тренира со составот за да се подготви за последниот дел од сезоната, во кој Манчестер Јунајтед ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите и за трофејот во ФА Купот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови