Connect with us

Убав гол на Симе Христов, Вардар и Пелистер ремизираа (ВИДЕО)

Вардар и Пелистер одиграа пријателски натпревар на стадионот во с. Црно Буки и ремизираа 2-2. Мечот е дел од меморијалниот турнир „Трајан Кочишки Куља“, а го одбележа убавиот гол на Симеон Христов, новиот напаѓач на Вардар, кој погоди од далечина во 37.минута.

Вториот гол за Вардар го постигна Величковски, а Пелистер двапати израмнуваше на овој дуел преку Никола Наумовски и Љавдрим Фазлиу. На крајот се изведуваа пенали, а поуспешни беа вардарци со 4-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови