Connect with us

Тврдо за Шкендија и за Шкупи, победи на Работнички и на Македонија ЃП (ФОТО)

Актуелниот шампион Шкендија не постигна гол и во првиот меч од новата сезона во Првата лига, продолжувајќи ја мизеријата од настапите на европска сцена. Тимот што сега го презеде Бруно Акраповиќ одигра 0-0 против новиот прволигаш Тиквеш кој беше домаќин на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ибраими, Хебај, Нафиу имаше неколку шанси, но Тофилоски беше присебен на голот, а и напаѓачите на Шкендија не покажаа завидна реализација.


На овој меч и на дуелот во Штип, каде Брегалница го пречека Шкупи, а исто така немаше голови, имаше по повеќе од 2.000 гледачи на трибините. Штипјани бодрени од публиката беа ривал за респект, а Шкупи не успеа да постигне гол за триумф. Напротив, се чини дека Брегалница може да жали што не ги освои трите бода. Ѓокиќ во 54.минута и Манев неколку минути подоцна имаа одлични шанси за водство, но, топката сепак не замина во посакуваниот правец.


Арби Воша, крилниот напаѓач на Македонија ЃП го постигна првиот гол во новото првенство. Во 22.минута, тој беше умешен во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар од десетина метри донесе триумф (1-0) за „лавовите“ против Пелистер.


Работнички исто така оствари стартен триумф (1-0) против Борец. Новото засилување, дефанзивецот Александар Ристевски, во 30.минута постигна убав гол со глава по слободниот удар што го изведе Димитар Тодоровски.


Ренова и Скопје во Тетово ремизираа 1-1. Ремзифаик Селмани во 73.минута донесе водство за „гипсарите“, но израмни Хртистијан Кировски само пет минути подоцна.


Последниот меч од првото коло се игра вечерва (20 часот) во Струмица, а се среќаваат Академија Пандев и Струга Трим Лум.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – ПРВО КОЛО


БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0


МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 1-0


РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 1-0


ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0


РЕНОВА – СКОПЈЕ 1-1


АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (20 Ч.)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови