Скандалот кој се случи по натпреварот Трабзонспор – Фенербахче го доби конечниот епилог бидејќи Фудбалската федерација на Турција денеска ги изрече казните. Најстрого казнет е Трабзонспор, а најмногу причини за славење има Брајт Осаји-Самуел.
Пред репрезентативната пауза Трабзонспор и Фенербахче одиграа големо дерби, кое клубот од Истанбул успеа да го добие со 2-3 со голот на Мичи Батшуаји во самиот финиш на натпреварот.
Фудбалерите на Фенербахче славеа победа по последниот судиски свиреж, но потоа настана вистински хаос на теренот.
Навивачите на домашната екипа истрчаа на теренот и се упатија кон играчите на Фенербахче. Најлошо помина Доминик Ливаковиќ кој доби тупаница во лицето, додека Осаји-Самуел и Џејден Остерволде се степаа со хулиганите.
Осаји-Самуел беше во центарот на вниманието затоа што нокаутираше неколку навивачи на Трабзон за да ги брани своите соиграчи.
По заканите дека Фенербахче ќе ја напушти Суперлигата, Фудбалакат федерација на Турција ги објави казните. Очекувано, најлошо помина Трабзонспор.
Одлучено е Трабзонспор да биде казнет со шест натпревари играње пред празни трибини. Освен тоа, поради целиот скандал треба да платат и речиси 100.000 евра.
Исто така, казнет е и помошниот тренер на тој клуб, Егемен Коркмаз, кој самиот се обиде да удри неколку играчи и членови на Фенербахче, што беше фатено на камера. Коркмаз доби суспензија од еден натпревар.
Што се однесува до Фенербахче, сите чекаа да видат што ќе биде со Осаји-Самуел, кој како ММА борец се тепаше со хулиганите. На крајот, на задоволство на многумина, Осаји-Самуел не беше казнет затоа што беше одлучено дека тој делувал во самоодбрана.
Сепак, Остерволде и Ирфан Џан Егрибајат не се извлекоа и добија по еден натпревар суспензија поради тепачка со навивачите.
Исто така, Мичи Батшуаји, кој го шутна хулиганот што подоцна го удри Ливаковиќ, помина без казна.
Осаји-Самуел вчера за првпат се појави во јавноста по скандалот, на полн стадион на Фенербахче каде навивачите ја следеа вонредната седница на клупското собрание.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal