
Баерн Минхен вечерва гостува на „Сантијаго Бернабеу“ во обид да стигне до големото финале на ЛШ на „Вембли“. Трохца фудбалери се вратија во тимот и се очекува да бидат дел од составот.
Холандскиот дефанзивец Де Лихт го пропушти натпреварот во Минхен пред една недела поради проблем со коленото, а неговата замена Мин-Јае Ким имаше голема вина за двата гола на Реал Мадрид.
Мусијала го пропушти саботниот пораз од Штутгарт со 3-1, исто така поради проблем со коленото, но го одработи последниот тренинг, како и дефанзивецот Даер, кој заработи повреда на главата на пресметката со Штутгарт и беше заменет на паузата. Се очекува Лирој Сане повторно да игра и покрај болките во препоните, како и Австриецот Конрад Лајмер, кој доби силен удар во зглобот на првиот натпревар против Реал Мадрид.
Тухел дефинитивно нема да може да смета на Рафаел Гереиро, кој ја повреди ногата во Штутгарт, а надвор од теренот е и Кингсли Коман.
„Ќе играме на „Сантијаго Бернабеу“, еден од најтешките стадиони за победа, но не е невозможно да се оствари. Одигравме многу добар прв натпревар, но за жал не победивме. Со оглед дека сега тие играат дома, можеби шансите на Реал се 51 отсто“, коментира Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
