Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ги пофали играчите за нивниот настап во победата од 2-1 над Лајпциг. Двата гола за Баварците ги постигна Хари Кејн.
„Имавме квалитетно прво полувреме, но не можевме да постигнеме гол. По паузата сѐ беше поинаку. Резултатот го откривме во период од натпреварот во кој Лајпциг беше во подем. По израмнувањето реагиравме позитивно. Сѐ на сѐ, нашата победа беше заслужена. Таа е добредојдена и за играчите и за сите во клубот“, изјави Тухел.
„Џошуа Кимих беше нашата единствена опција за десен бек, бидејќи неколку пати играше таму. Се снајде многу добро и мислам дека ќе мора да го искористам на истата позиција и против Фрајбург“, објасни Тухел.
По 23 кола во Бундес-лигата, Баерн Минхен е на второто место на табелата со 53 бода, а имаше сериозна криза со три последовни порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













