Баерн Минхен доживеа шокантен пораз (0-3) од Лајпциг на „Алијанц арена“ во Суперкупот на Германија. На дебито на Хари Кејн, херој за Лајпциг беше Дани Олмо кој постигна хет-трик и ги замолкна домашните навивачи.
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, не можеше да верува како одигра неговиот тим и нагласи дека тоа е алармантно, пред почетокот на сезоната во Бундес-лигата.
„Во овој момент немам објаснување. Примаме лесно голови. Како ништо да не сме правеле изминатите четири недели. Она што го покажавме против Лајпциг нема никаква врска со тоа како трениравме, формата, атмосфеата. Тоа е алармантно, едноставно алармантно. Шокиран сум и многу разочаран“, изјави Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













