Connect with us

Тухел: Нема да го гледам Баер Леверкузен в недела, туку Арсенал

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека нема да го гледа натпреварот на Баер Леверкузен против Вердер в недела, на кој конкурентот може да ја освои титулата во Бундес-лигата.


„Нема да го гледам натпреварот на Баер Леверкузен во недела. Ќе го гледам Арсенал“, изјави тренерот на Баерн на денешната прес-конференција.

Баварците се блиску до завршување на рекордната серија од 11 последовни титули во Бундес-лигата. Баер Леверкузен, кој е без пораз во сите 42 натпревари оваа сезона, ќе ја освои првата титула доколку го победи Вердер в недела. Но, тоа може да се случи и ден претходно доколку Баерн и Штутгарт ги загубат натпреварите против Келн, односно Ајнтрахт Франкфурт.

Баерн ги загуби последните два натпревари во Бундес-лигата и ќе се обиде да го победи Келн за да избегне да падне на третото место на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови