Менаџерот на Челси, Томас Тухел, не сака да прифати Кристијано Роналдо да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Медиумите во Англија тврдат германскиот стратег има поинакви планови за нападот на „сините“ и тие не го вклучуваат Роналдо.
Тухел сака да формира флуидно напаѓачко трио со Рахим Стерлинг, Каи Хаверц како „лажна деветка“ и Рафиња. Договорот со Стерлинг е завршен и треба да се објави, а Бразилецот Рафиња е заинтересиран за преселба во Барселона и тука можеби плановите на Тухел нема да се исполнат.
Роналдо е желба на новиот сопственик на Челси, Тод Боели, кој во Португалецот гледа сопствен маркетиншки потег.
Тухел од своја страна е загрижен за расположението во соблекувалната и можните расправии меѓу напаѓачите доколку пристигне Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













