Англискиот премиерлигаш Челси треба да ја смени комплетната одбранбена линија ова лето. Менаџерот Томас Тухел форсира систем со тројца стопери, а клубот го напуштија Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, кои по истекот на договорот заминаа во Реал Мадрид и во Барселона.
Цезар Аспиликуета наскоро би можел да замине во Барселона, а Челси наводно ги избра тројцата стопери кои треба да ги заменат. Тоа се Преснел Кимпембе од ПСЖ, Калиду Кулибали од Наполи и Нејтан Аке од Манчестер Сити.
Челси наводно се договори со Наполи за трансферот на Кулибали, во преговори е и со Манчестер Сити за Нејтан Аке, а засега „најдалечен“ е Преснел Кимпембе. Сепак, и тој побара од ПСЖ да му дозволи да замине затоа што има мала минутажа на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













