Connect with us

Тухел ќе остане тренер на Баерн и ако не ја освои титулата во Германија

Томас Тухел и следната сезона ќе го води Баерн Минхен, без разлика дали тимот ќе ја освои титулата во Бундес-лигата. Баварците веќе не зависат сами од себе во трката за титулата откако потфрлија против Лајпциг и дозволија Борусија Дортмунд да се смести на првото место едно коло пред крајот на сезоната.


Според „Кикер“, Тухел нема да добие отказ дури и ако Баерн биде второпласиран. Измените ќе бидат поврзани со составот. Некои од играчите кои разочараа во текот на сезоната сигурно ќе бидат продадени.

„Да беше сѐ во ред во Баерн, немаше да има тренерска промена. Не е важно што сакам јас. Раководството на клубот ми даде до знаење дека е време да работиме заедно. Не бегам од одговорност“, изјави Тухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови