Челси се интересира за играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Договорот на Французинот истекува за една година, а ова лето може да биде последна шанса за клубот од Торино да заработи од доколку не го обнови договорот.
„Бјаконерите“ имаат тенденција да се разделат со него, а Челси може да го искористи тоа и да го доведе на „Стемфорд бриџ“, пишува „Тутоспорт“.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, добро ги знае квалитетите на Рабио, откако соработуваа во Пари Сен Жермен. Французинот е подготвен повторно да соработува со германскиот стратег.
Рабио досега одигра 129 натпревари за Јувентус, постигна шест гола и забележа исто толку асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













