Connect with us

Тухел: Аутсајдери сме против Манчестер Сити, а Халанд – ќе се обидеме да го сопреме

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, вели дека Манчестер Сити е фаворит на вечерашниот прв натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Според него, Ерлинг Халанд може да биде сопрен само со тимска работа на одбраната.


„Стилот на Манчестер Сити не е променет од потписот на Халанд, нападите се организираат на ист начин. Секако, тој е уникатен напаѓач и тимот многу зависи од него. Халанд му го дава на тимот тоа што му недостигаше во последните години“, изјави Тухел.

„Мораме да дејствуваме заедно. Влегуваме во овој натпревар како аутсајдери и тоа е нормално. Сепак, важно е да ја задржиме самодовербата и да одиграме на максимум од нашите можности“, потенцира тренерот на Баварците.

„Убеден сум дека ќе има моменти кога ќе страдаме. Но, ние самите треба да најдеме начин да создаваме ситуации и да го повредиме противникот. Нашиот тим е доволно талентиран за тоа“, убеден е Тухел.

„Мислам дека имаме јасна претстава за тоа што нѐ чека. Сакаме да го спречиме Манчестер Сити да доминира премногу силно“, додаде стратегот на Баерн Минхен.

Баварскиот тим ќе биде без Ерик Максим Чупо Мотинг, но се очекува Садио Мане и Томас Милер да добијат место во нападот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови