
Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Шкендија, Ардијан Цуцули се враќа во тетовските „црвено-црни“, овој пат во раководните структури, соопшти клубот од Тетово.
Тој во иднина ќе ја врши функцијата шеф на спортскиот оддел.
„Амбициите на Шкендија остануваат да го подигне клубот на повисоки нивоа и се очекува Ардијан Цуцули да даде свој придонес во оваа насока“, стои во соопштението на Шкендија.
Цуцули речиси цела деценија беше дел од Шкендија во четири различни периоди. Беше и капитен на тимот, и еден од играчите со најмногу настапи. Освои пет трофеи со „црвено-црните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal