Ливерпул одигра одличен меч и го прегази Челси на „Енфилд Роуд“ со 4-1. Се уште се емотивни сите фанови на „црвените“ откако Јирген Клоп објави дека ќе си замине на крајот од сезоната. Фудбалерите во негова чест одиграа маестрално и го декласираа ривалот, зацврстувајќи се на лидерската позиција во Премиер-лигата.
Диого Жота во 23.минута донесе водство за Ливерпул, а Конор Бредли зголеми на 2-0 во 39.минута. Дарвин Нуњез не реализира пенал на крајот од првото полувреме, а на овој меч навистина немаше среќа бидејќи четирипати ја погоди рамката од противничкиот гол.
Доминик Шобошлаи во 65.минута постигна трет гол за Ливерпул, а потоа намали Нкунку во 71.минута.
Конечниот епилог го постави Луис Дијаз во 79.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













