Connect with us

Црвена Звезда го промовираше Владан Милојевиќ за нов тренер: Дојдов да продолжиме по патот на успесите

Српскиот првак Црвена Звезда го промовираше Владан Милојевиќ за нов тренер, кој се враќа во клубот по точно четири години, откако Барак Бахар пред два дена доби отказ по поразот од Партизан со 2-1 и неуспешната полусезона.


Пред медиумите се обрати генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.

„Како што најавивме вчера, денеска се собравме овде во голем број, па има големи очекувања, да промовираме нов тренер. На денот кога замина Владан дојде Дејан Станковиќ. Станковиќ замина дојде Бахар, а откако замина Бахар повторно се враќа Милојевиќ. Кругот се затвори“, изјави Терзиќ.

Тренерот Владан Милојевиќ вели дека верува единствено во работа и дека се надева на успеси.

„Звезда многу ми значи мене и на моето семејство, ми даде многу. Секогаш беше прашање што и колку можам да и вратам на Звезда. Заминав во моментот кога направивме добри резултати и направивме бодовна разлика. Звезда секогаш може да смета на мене. Немаше ни момент на размислување. Црвена Звезда има и многу мои поранешни колеги во стручниот штаб кои секогаш се подготвени да помогнат. Добро ме познавате, јас сум некој што верува во работа. Некои ветувања, мислам дека се неблагодарни. Ќе направам сѐ со мојот стручен штаб да продолжиме по патот на успеси по кој тргна Црвена Звезда. Се надевам дека ќе успееме да ја завршиме сезоната на начин кој доликува на амбициите на Звезда“, истакна Милојевиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови