
Црвена Звезда е господар на Белград! Во 177. издание на „вечното дерби“ црвено-белите го совладаа Партизан на негов терен со 1-2 и ја презедоа лидерската позиција во српската Суперлига.
Дербито почна мирно, но во 28. минута падна првиот удар. Тими Макс Елшник ја искористи одбиената топка и донесе водство за Звезда (0-1). До паузата немаше промена, иако и двете страни имаа свои полушанси.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 20, 2025
Вториот дел започна со нов шок за Партизан. Веднаш по неговото влегување во игра, Немања Радоњиќ беше на вистинското место и од акција на Катаи ја смести топката во мрежата за 0-2.
Домашните се обидоа да се вратат преку свежите сили од клупата. Милошевиќ во 74. минута го врати Партизан во игра (1-2), но тоа беше сè од „црно-белите“. До крајот Звезда умешно ја контролираше играта и го задржа водството.
Со оваа победа, шампионот ја продолжи перфектната серија – 21 бод од 21 можен, и сега е прв на табелата со два бода пред Партизан, кој има натпревар повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
