Шкендија ќе продолжи со подготовките според планираното откако најновото тестирање на Covid-19 покажало дека сите членови на тетовскиот клуб се негативни на коронавирус. Шкендија беше еден од тимовите што заедно со Ренова меѓу првите имаше позитивни случаи на коронавирус во макфудбалот, но ситуацијата во таборот на тетовци во меѓувреме се стабилизираше.
„Целиот тим на Шкендија беше тестиран на коронавирус. За среќа, резултатите се негативни, така што во комплетен состав ќе продолжиме со активностите предвидени за претстојниот период“, објавија од раководството на ФК Шкендија.
Тетовци веќе го откажаа првиот контролен натпревар против Вардар Форино, а во наредниот период треба да одиграат четири контролни средби, против Гостивар, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













