
Монако го доживеа вториот пораз во новата сезона во Франција откако на домашен терен загуби од Троја со 2-4. Марипан донесе предност за „кнезовите“, но пред крајот на првиот дел беше исклучен. Тардие и Одобер направија пресврт, а Балде на почетокот на вториот дел зголеми на 1-3.
Мала надеж за Монако даде Фофана, но Салмие го потврди триумфот на Троја.
Лион беше сигурен против Оксер и славеше со 2-1. Тете и Токо Екамби беа стрелци на головите за Лион, а за гостите погоди Аутре.
Реимс оствари гостинска победа (2-4) против Анже, а Монпелје на домашен терен го совлада Ајачио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
