
Ливерпул во 98.минута од дуелот успеа да стигне до победа од 2-1 против Њукасл откако во режија на Хичкок новото засилување Фабио Карвалјо погоди по 13.корнер за „црвените“. Му олесна на Јирген Клоп со оглед дека неговиот тим нема посакуван старт на сезоната.
Александер Исак имаше фантастично деби во дресот на Њукасл откако го надмудри Алисон Бекер во 38.минута.
Роберто Фирмино успеа да израмни на 1-1 во 61.минута, а Ливерпул во финишот како да го врати победничкиот дух од минатата сезона. Напаѓаа со сите сили и на крајот Карвалјо успеа да го совлада Ник Поуп.
Liverpool 2-1 Newcastle United
— Fast GøaIs. (@iF29s) August 31, 2022
Goal Fabio Carvalho 🔥🔥pic.twitter.com/j0m6eujWYg
Вест Хем и Тотенхем ремизираа 1-1. Тило Керер си постигна автогол за предност за Тотенхем, а во вториот дел израмни Томаш Соучек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
