
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен заработи сериозна повреда на скочниот зглоб, објави Манчестер Јунајтед. Тој нема да игра најмалку три месеци откако се повреди по грубиот старт на Енди Керол на натпреварот од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг (3-1).
„Кристијан Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот заработена на победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони.
Првичните проценки велат дека Ериксен ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај.
Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.
Speedy recovery, @ChrisEriksen8 🙏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
