
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо е на излезна врата од Манчестер Јунајтед откако во шокантно интервју изјави дека клубот го предал, а воопшто нема почит за менаџерот Ерик тен Хаг. Веднаш тргнаа и приказните каде тој би можел да замине во зимскиот преоден рок, бидејќи е очигледно дека нема да остане на „Олд Трафорд“.
Баерн Минхен е повторно една од опциите, посебно по повредата на Садио Мане, иако раководството на германскиот првак претходно одби ваква можност за да не се наруши концептот на платите во соблекувалната. Сепак, веројатно и Роналдо би прифатил значително намалување само за да има можност пак да биде дел од Лигата на шампионите.
Втората уште посензационална варијанта е Роналдо да дојде во ПСЖ и да заигра заедно во ист тим со неговиот долгогодишен „ривал“, Лионел Меси. Се споменуваат и Челси, Наполи, Спортинг Лисабон…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
